Фотографијата на која се гледа огромен постер од премиерот и лидер на СДСМ која се појави на социјалните мрежи не е ,,фотошопирана”.

Фотографијата на која од ѕидот ве гледа Димитар Ковачевски предизвика многубројни реакции кај граѓаните кои меѓу другото забележуваат што СДСМ ги критикуваше фотографиите на Груевски во седишта на ВМРО-ДПМНЕ а сега поставува огромни слики од својот лидер.

Дел од граѓаните кои не веруваа дека СДСМ го идолизира Ковачевски преку големи слики сметаат дека фотографијата е ,,фотошопирана” односно менувана но истата може да се најде на пост на СДСМ од посета на шефицата на УЈП на партиската канцеларија во Тетово.

Фотографии на лидери во партиски простории секогаш биле дел од политичката иконографија но ваков случај каде лидерот е на слика поголема во сооднос со човечка величина имало во малку ситуации и тоа било оценето како погрешно.

Линк до постот со оригиналната фотографија

https://www.facebook.com/100044445038982/posts/pfbid02XyiWiU14xekV95k6Ti452v9Q74W5qzX46TcssiCTjRAti9uNsdTnWScdycBj656zl/