Дел од некогашната ограда што била поставена околу сегашниот Дом на Националното собрание во Белград, по точно 65 години е вратен на своето „старо место“.

Фрагментот од оградата синоќа со посебен лет пристигнал во Белград, а денес беше предвидено градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, свечено да го предаде на претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ.

Сочуваниот дел од ограда, долг околу 4 метри, бил поставен пред вилата на Тито „Билјана“ во Охрид по демонтирањето во 1956 година.

Оградата од ковано железо, за која историчарите на уметност тврдат дека е „луксузна и волшебна“, била подигната во 1936 година околу Собранието на Кралството Југославија и била долга околу 500 метри. Направено е според проектот на познатиот архитект Николај Краснов.(Новости)