„Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, одговори на изјавите на партискиот лидер Али Ахмети дека ‘Огнената група’ е на погрешен пат и оти требало да се врати на партиските патеки. Меџити од Куманово упати апел до Ахмети да не одржува средби против нив и да не дозволува да го лажат неговите функционери од Владата, туку да ги изнесе пред граѓаните и да ги праша колку тие луѓе досега сработиле.“ – објави ТВ Алсат М во својата информација со наслов „Изет Меџити со порака до Али Ахмети“.
ТВ Алсат М пишува: „Ако граѓанинот ни каже ‘Грешите’, ние нема да имаме забелешки, бидејќи тоа го кажува граѓанинот. Но, ние излеговме на средби со граѓаните и тие не следеа. Ние образложуваме пред граѓанинот за незадоволствата од оваа извршна власт и за нејзините неуспеси на секое поле, а добро е тие што ги држат собирите во Гостивар и сега во Тетово, Али Ахмети нека ја извади извршната власт и нека докаже дека си ја завршиле работата за Гостивар, оти работеле за Тетово, за Липково, дека правеле други работи, а не само да одржуваат собири за ‘Огнената група’“ – рече Меџити.
Исто така и Невзат Бејта ѝ возврати на другата страна на ДУИ, нарекувајќи ги „рѓосани тенеќиња, кои што ќе ги оддува ветерот“. „Ќе дува ветер и ќе го однесе тенеќето, ламарината, потоа куќата ќе остане без покрив, ќе ја зафати дождот и ќе се урне. Ние не го сакаме тоа. Ние сакаме ДУИ да биде сплотена, без ‘рѓосаните луѓе од ДУИ кои прават раздори. ‘Рѓосаните се извршната власт на чело со Артан Груби.“ – рече Бејта.
Битката на теренот меѓу двете групи во ДУИ ќе продолжи и во следните неколку дена. Следната средба на „Огнената група’ ќе биде со Форумот на жени во ДУИ, а другата страна ќе има средби со граѓани од Тетовско.