„На фејсбук почнува да се шири иницијатива за разрешување на вицепремиерот Артан Груби и на владиниот кабинет.“ – објави ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија пишува: „Според првичните информации, станува збор за иницијатива покрената од ‘Огнената група’.“

„Граѓанската иницијатива Гласот на народот покренува иницијатива за разрешување на Груби и на владиниот кабинет. Ги повикуваме граѓаните да и се придружат на оваа иницијатива.’ – се наведува на распределената врска на фејсбук.“

Инаку, на својот фејсбук-профил Граѓанската иницијатива „Гласот на народот“ објавува исклучиво фотографии од Изет Меџити и другите членови на „Огнената група“ и информации од нивните средби со партиското членство на ДУИ и жителите-Албанци низ разни места во западниот дел на Македонија.

Во објава од пред три дена „Гласот на народот“ напиша: „Вечерва добивме порака од жителите на тетовското село Требош и од регионот на Полог (Тетовско) дека тие се категорично против Артан Груби и оваа пропадната извршна власт!“

„ДУИ извира од народот, затоа нема да се запреме. Ќе одиме во секоја населба кај што се слуша албанскиот збор, за да разговараме заедно со албанскиот народ и да чуеме од него за неговите маки и таги. Наша обврска е да ја демаскираме оваа извршна власт, која се осмелува да игра фудбал и кошарка во своите луксузни канцеларии, додека народот се соочува со секакви предизвици.“