Членови на фракцијата во ДУИ позната како ,,Огнената група” која ја предводат Изет Меџити и Муса Џафери тврдат дека нема да се откажат од политичка елиминација на актуелниот партиски моќник и втор член на владата Артан Груби.
Во брифинг за expres.mk член на фракцијата во ДУИ вели дека штетата што ја прави Груби на имиџот и функционалноста на ДУИ е немерлива и дека таа не се чувствува само во Скопско од каде се најголем број на членовите на партиската фракција туку во сите градови каде што партијата има своја структура.
Анализата на ,,Огнените” е дека во моментов Груби ги носи или сериозно влијае на најголемиот дел од одлуките и решенијата на партискиот врв и тоа мора да се смени затоа што ДУИ не смее да биде партија управувана и контролирана од еден човек.
Изворот на expres.mk вели дека Груби засега го држи под контрола лидерот Ахмети со помош на бомби кои му ги дал екс премиерот Заев и дека и во партијата и во фракцијата постои страв дека ако конфликтот не биде надминат јавноста може да биде сведок на мачни и тешки јавни конфликти во кои меѓу жртвите ќе биде и лидерот Ахмети.
Во ,,Огнената група” сметаат дека конфликтот во ДУИ може да го реши само Али Ахмети кој според нив треба да продолжи да раководи со партијата но не како англиска кралица под контрола на Груби туку како прв меѓу еднаквите кој нема да биде фасада на бизнис и политичките интереси и планови на вицепремиерот и неговите луѓе.
И ние имаме бомби за Груби меѓу кои има и свежи корупциски скандали а во нив се инволвирани и членови на неговото семејство, вели изворот на expres.mk кој најавува дека тие може да експлодираат секој момент откако стратешкиот пријател САД ја започна битката со корупција во Македонија.
Голем број од незадоволните луѓе од Груби молчат за своето незадоволство од Груби затоа што се плашат дека со тоа ќе направат штета за Ахмети и ДУИ но тој молк нема да трае долго затоа што секој ден на Груби во улога на ,,Велики везир” е удар за партијата која се соочува со сериозни проблеми, сметаат во Огнената група.
Колку е сериозен судирот во ДУИ покажува и вчерашниот повик до Груби од вториот човек во министерството за одбрана.
Ik Artan: Заменик министер за одбрана од ДУИ бара Груби да си замине пред да се случи расцеп