Порталот off.net.mk објавува хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша„ МИА, ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА)”.
Дали уредници на МИА се Џамбаски, Слави Трифонов и Каракачанов и ја уредуваат МИА од просториите за кои на Ламбе му се споија жичките, прашува порталот пренесувајќи го писмото од загрижен граѓанин:
Треки здраво,
Да ти прикажам еден хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша„ Македонска Информативна Агенција (МИА), ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА) и како на најдобрите македонски научници им фрли копје у гради ко Јан Железни на Олимпијада у Барселона деведесет и друге.
На 10-ти октомври 2022год, Stanford University (втор најдобар универзитет во светот) ги публикува листите на најцитирани (највлијателни) 2% светски научници на сите времиња и листа на најцитирани светски научници за календарската 2021 година од сите области.
Линк до датабазите на сите листи na Stanford тука.
Е сега пази ова: на 18-ти октомври МИА, што би требало да е „Македонска Информативна Агенција“ објавува вест, пази сега-ЗА 18 БУГАРСКИ НАУЧНИЦИ ЗАСТАПЕНИ НА ЛИСТАТА НА СТЕНФОРД.
(линк)
Ниту збор ниту абер ниту со мали букви напишано за македонски научници на листа на Стенфорд!
Повеќе детали за порано Македонската информативна агенција а сега Медиумска информативна агенција на off.net.mk.
Директор на МИА е Драган Антоновски познат ТВ новинар кој беше именуван од владата на Зоран Заев во 2017 година.