Вечерва било скршено стаклото на влезот од објектот на македонскиот клуб во Благоевград.
Како што се дознава од локални извори вандализмот се случил пред 21:40 часот вечерва.
При патрола, дежурните полициски службеници виделе дека стаклото на македонскиот клуб на ул. Искршен „Димитр Димов“ е искршено.
Пред влезот на објектот се пронајдени 4 камења, јавуваат бугарски медиуми.
Кршењето на стаклото на македонскиот клуб Никола Јонков Вапцаров најверојатно се случил во знак на одмазда за забраната за влез на бугарски државјани на роденденот на Гоце Делчев денеска во Скопје како и поради апсењето на бугарски пратеник кој предходно ја нападнал македонската полиција.