Одмарал додека Грција гореше – министер поднесе оставка

Министерот за заштита на граѓаните Нотис Митаракис, одговорен за полицијата и крајбрежната стража, беше на одмор додека беснееја пожари во земјата.

Митаракис, одговорен за безбедносните сили на земјата, вклучително и крајбрежната стража, вчера поднесе оставка од „лични причини“ и премиерот Киријакос Мицотакис веднаш ја прифати, јавува Катимерини.

Всушност, она што го принуди Митаракис да поднесе оставка е тоа што „тој беше отсутен надвор од Атина додека се водеа битки“ со пожарите

Грчките медиуми, вклучително и Катимерини и приватниот телевизиски канал Мега, во четвртокот објавија дека Митаракис бил на јахта кај островот Патмос.

Тој се вратил во Атина подоцна истиот ден.