Спортот на глобално ниво се соочува со огромни финансиски загуби, а а само трошоците од одложување на Летните олимписки игри во Токио може да надминарат 10 милијарди евра, проценува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Во случај на дефинитивно одложување на фудбалските натпревари оваа сезона, англиската Премиер лига би изгубила 1,2 милијарди евра од телевизиски права, пренесува Танјуг.

Следуваат шпанската Примера со 938 милиони евра, германската Бундес лига со 740 милиони евра и италијанската Серија А со 641 милиони евра.

Проценетата штета од откажување на трките на Светскиот куп во Формула 1 во моментов е 107 милиони евра, а трката за шампионска трка во Мото ГП е 57 милиони евра.

Кога станува збор за американски спортови, бејзбол-лигата МЛБ би можела да изгуби 2,1 милијарди евра, американската фудбалска лига во НФЛ 1,2 милијарди евра, натпреварувањето во хокеј на мраз во НХЛ 986 милиони евра, а кошаркарската лига во НБА 916 милиони евра.

Шпанскиот весник наведува дека само најголемата НБА кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс, губи по 366.315 евра за секој неодигран натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, пренесе „Ал џезира“.