Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ каде требало да се расправа за македонските преговори е одложен за една недела, јавува бугарската редакција на радиото Слободна Европа.

Состанокот требаше да се случи на 10 ноември но откако вчера Бугарија ја информирала ЕУ дека ја блокира Македонија тој е одложен за една недела.

Слободна Европа не објавува детали за конкретните причини за одложување на состанокот на кој требаше да биде објавено кога ќе се случи меѓувладина та конференција односно почетокот на преговорите со ЕУ за Македонија.

“Претставници на двете земји одржаа разговори во предходните две недели во обид да ги решат разликите во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ подоцна овој месец. Тој состанок иницијално закажан за 10 ноември е одложен за една недела”, објави бугарската редакција на РСЕ.

https://www.rferl.org/amp/bulgaria-dispute-threatens-to-delay-north-macedonia-s-eu-path/30934358.html?__twitter_impression=true