Одложен прогонот на амбасадорот кој ја открива вистината за гнилоста на власта во дипломатијата

Министерството за надворешни работи привремено го одложило прогонот против претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ.

Дабиќ кој меѓу другото бил и амбасадор во НАТО денеска требаше да биде ,,суден” од страна на дисциплинска комисија во МНР која е мистериозно одложена.

Предходно повеќе дипломати и медиуми побарале да ја следат работата на Комисијата.

Засега не е закажана нова седница на дисциплинскиот орган.

Досега во членка на НАТО или ЕУ никогаш не е гонет прв човек на синдикат на дипломати.

Прогонот на Дабиќ доаѓа откако Македонскиот дипломатски синдикат го одби францускиот предлог и откри низа недоследности во МНР.

На одлуката на МНР реагира странски експерт за Балканот

Еден од начините да се открие кој, како и зошто и прави штета на Македонија

Ван ден Берг сугерира внатрешна истрага за да откријат епските дипломатски катастрофи

Вчера expres.mk објави интервју со амбасадорот Дабиќ во кое тој говори за своите позиции и грешките на македонските власти во дипломатијата.

Амбасадорот жртва на политички реваншизам од СДСМ и ДУИ за искажана вистина (ИНТЕРВЈУ)