Одложен „паралелниот“ конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје.

Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес.

Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.