Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради (доцна) пристигнатата пријава по пошта од уште еден кандидат.

Поштата не стигнала на време, па Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, во последен момент, дозна дека има и четврти кандидат за директорската позиција.

Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.

Изборот на директор, ќе биде дополнително закажан.