Одличен настап на македонските кадетски пливачи на ЦЈЕП

Одличен настап на македонските кадетски пливачи на Централното Јуниорско Европско првенство во пливање кое се одржа деновиве во Белград, Србија.

Македонија настапи со 6 пливачи во машка конкуренција : Павле Стојчевски, Јован Јанковски, Петар Атанасовски, и со три девојки Ива Китанович, Ивана и Јована Неделкоски.

Нашата кадетска репрезентација имаше одличен настап (од 7мо до 15то место).

На овој натпревар земаа учество 156 пливачи од 9 држави Македонија, Србија , Босна , Чешка, Словачка , Словенија , Швајцарија и Унгарија.