Одбележана 76 годишнина од холокаустот на битолските Евреи

Во Битола денеска беа одбележани 76 години од депортацијата на 3.350 Eвреи од овој град.во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка.

На  Широк Сокак се одржа „Марш на животот,а на комеморацијата „Праведници меѓу народите“  присуствуваа и гости од Израел, Германија, САД…

Делегациите положија цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи и на бистата на народната хероина Естреја Овадија-Мара, во дворот на Здравствениот Дом во Битола кој од минатата година е именуван според познатиот лекар д-р Хаим Абраванел.

Вечерва во спомен на депортираните  Евреи, на плоштадот Магнолија во Битола,  младите од Израел, Македонија и  Германија ќе изведат  перформанс кој го насловија  „Патоказ кон помирувањето“.