Од земјотресот попладнево, распука зграда во Драч

Два силни земјотреси од кои едниот беше со магнитуда од 5,8 според Рихтер оштетија санбена зграда во Драч, јавуваат албанските медиуми.

Зградата распука по должина и ова е засега една од  поголемите штети од земјотресот.

Две лица биле повредени во Тирана и биле пренесени во болница. Исто така биле регистрирани и големи оштетувања на објектите, при што биле луѓе морале да бидат евакуирарани од некои области во главниот град.

Медиумите пренесуваат дека сѐ уште преистигнуваат информации за штети и повредени.

Земјотресот, освен во цела Албанија, е почувстуван и во Македонија, Косово и Црна Гора.