Лебот, млекото, месото, оризот, тестенините, јунешкото, пилешкото и меленото месо, кравјото сирење и кашкавал, односно над 50 категории производи, веќе од утре треба да поевтинат, за 10%, а некои и повеќе 10 отсто, односно референтна вредност се зема на цените од 1 август. Тие што ги покачиле цените во август не само што ќе треба да ги вратат како во јули, туку таа цена ќе треба да ја намалат за 10 проценти. Мерката ќе трае до крајот на ноември, а се очекува покрај овие производи, наредниот период да бидат вклучени и други, за што се водат разговори со производителите и трговците.
Ориз бел во пакување од 900 грама до еден килограм
Брашно пченично тип 400 и тип 500
Бел и полубел леб векна индустриски тип 450 грама цел и на парчиња со исклучок на свежо печен леб во маркетите
Други пекарски производи
Бисквити петит бер и бисквити обични и посни од 300 до 500 грама
Наполитанки со фил од какао крем (обични, непреливни) од 300 – 500 грама
Тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) од 500 грама
Јунешко месо без коски од бут или некој друг дел
Свинско месо без коски од бут или некој друг дел
Мелено месо свинско и јунешко
Пиле свежо или замрзнато (цело)
Пилешки стек свеж или замрзнат
Чаен колбас (јунешки свински говедски) без додатоци
Пилешка посебна салама (без слајс пакување)
Паштета од џигер и пилешка, без додатоци во пакување од 95 и 100 грама
Трајно кравјо млеко, без органско и со додатоци, од 1 литар
Јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, од 1 и 1,5 литар
Кисело кравјо млеко, обично без додатоци, од 300 до 500 грама
Павлака од кравјо млеко во пакување од 180 до 200 грама
Традицуионално кравјо бело сирење и мешано бело сирење без додатоци
Традиционален кравји и мешан кашкавал без додатоци
Свежи јајца од кокошка
Свежо овошје
Свеж зеленчук
Министерот за економија Крешник Бектеши, уверува дека намалувањето ќе се почитува, зашто Пазарната инспекција ќе врши засилени контроли секаде.

Во табелите е објавена целосната листа на прехранбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10% и кои во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“. Ако тоа не се почитува, Бектеши рече дека ќе бидат преземени ригорозни санкции, како и затворање на продавниците од страна на Инспекцијата.

Во однос на акциите кои традиционално ги применуваат трговците, Бектеши рече дека е направена мала корекција при што ќе им се дозволи да прават акции со пониски цени од замрзнатите, ама таа да биде под замрзната, а ако случајно прават намалување на одредени цени заради истек на рок, тоа да го означат за да биде јасно за потрошувачите.
Одлуката се очекува да стапи на сила откако ќе излезе во Службен весник, односно од утре на пладне.