Премиерот Заев искористи прилика и пред медиумите посебно си ги поздрави неговите пратениците од СДСМ и тие од коалициониот партнер ДУИ.
“Јак бран го има зафатено светот, Европа, а ја нема одминато ни Македонија. Во такви околности, ги поздравувам пратениците, посебно парламентарното мнозинство, коишто синоќа ги усвоија измените на Законот за заштита од заразни болести, со кој новите мерки стапија на сила”, изјави Заев по состанокот на Советот за безбедност.
Јак бран го има зафатено светот, Европа, а ја нема одминато ни Северна Македонија. Во такви околности, ги поздравувам пратениците, посебно парламентарното мнозинство, коишто синоќа ги усвоија измените на Законот за заштита од заразни болести, со кој новите мерки стапија на сила. pic.twitter.com/0t2bTJDexI
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 29, 2020