Од Софија отворени територијални закани, од Скопје и ЕУ молк (ВИДЕО)

Членка на владеачката бугарска коалиција предводена од Бојко Борисов со отворени закани за македонскио територијален интегритет и суверенитет.

ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов продолжува со провокациите кон Македонија, но и кон останатите соседни јавува Нова Македонија која пишува дека на 27 ноември 2020 година на официјалниот сајт на бугарската партија ВМРО-БНД беше објавено видео од обраќањето на д-р Милен Михов – заменик претседател на споменатата партија.

Михов ја прочитал декларацијата од името на параламентарната група „Обединети патриоти“ во бугарскиот парламнет по повод 101 година од потпишувањето на Нејскиот мировен договор.

Покрај ревиизијата на историјата, говорот на Милен Михов во одредени моменти искажува територијални претензии кон соседите на Бугарија.

Во горниот дел од видеото може да се прочита „Нема да заборавиме, нема да простиме“, а во долниот може да се забележи лозунгот: „Западните покраини – засекогаш бугарски.“

Ниту еден бугарски, европски или македонски политичар не реагираше на оваа непримерна реторика на партија член на влада земја членка на ЕУ.

Повеќе детали на Нова Македонија