Од СЈО велат дека „земале“ зашто ставале “глава в торба“

Обвинители кои до неодамна беа дел од тимот на СЈО, се воздржуваат од официјални коментар по денешното влегување на истражители на ОЈО да ја испитаат оправданоста на високите исплати на бонуси во СЈО на чие чело предничи екс-шефицата Катица Јанева, пишува Фокус.

„Не сакаме да даваме изјави бидејќи ќе излезе дека се правдаме, а навистина нема потреба. Од самиот почеток беше јасно со колкав буџет располага СЈО и кои се овластувањата на Катица Јанева. Сега на потег се колегите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тие нека кажат дали биле правени злоупотреби“, велат за „Фокус“ вработени во СЈО кои сакаат да анонимни.

Соговорник за Фокус вели дека „од првиот ден во Министерството за финансии знаеле колку средства се одлевале за додатоци, бонуси… Доколку било спорно, зошто не реагирале или зошто не реагирал Советот на јавните обвинители кои во раце ги имаа финансиските извештаи“.

„За разлика од останатите обвинители платата ни беше за 300 евра повисока, а работевме три инстанци, основно, вишо и републичко. Секој обвинител, освен Јанева земал по 22.000 евра годишно, но сите како да забораваат дека и главата ја стававме во торба. забораваат каков профил на луѓе гоневме! Истите суми ги земаат и обвинителите ангажирани во специјалните обвинителства во регионот, велат соговорници за Фокус.

Опширно на Фокус.мк