Од радост се сликал седнат на празна кутија од вакцини на „Фајзер“

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), Крунослав Цапак, рано утрово се сликаше седнат на една од кутиите во кои пристигна вакцината на „Фајзер’, објавува Индекс.хр.

Симболична пратка вакцина организирана од Европската унија пристигна од Полска со цел сите членки да започнат со кампањата за вакцинација.

Фотографиите кои беа објавени на веб-страницата на ХЗЈЗ, предизвикаа лавина реакции во јавноста, по што и Цапак морал да се извини.

„Искрено се извинувам“
„Како човек кој, како и многу граѓани на нашата земја, искрено се радуваше на пристигнувањето на долгоочекуваната спасувачка вакцина, не би сакал фотографија да ја засени големината на моментот кога првата пратка COVID-19 вакцина конечно пристигна во Хрватска рано утрово.

Јас и соработниците ја дочекавме испораката во раните утрински часови, ја складиравме вакцината во коморите предвидени за таа намена, а потоа, со големо олеснување, направивме неколку фотографии.

На една од нив, меѓу многуте што станаа достапни за јавноста, седнав на кутија во која веќе немаше вакцина, но беше зачувана, и покажав прст кон етикетата на кутијата со единствена мисла:

‘Еве, конечно пристигна! Тука е'”.