По денешната средба во Приштина меѓу спикерот на Косовското Собрание Коњуфца и лидерот на “Алтернатива” на површина излегува темата “Меѓуинституционална координација на Албанците од с.Македонија и Косово”.
Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денес во Приштина прими делегација на опозициската албанска партија “Алтернатива” предводена од нејзиниот лидер Африм Гаши.
Јавувајќи за оваа средба, информативната агенција на албански јазик ИНА пишува дека: “Двете страни констатираа дека треба и во иднина да се среќаваат во духот на меѓуинституционалната координација меѓу Албанците од с.Македонија и од Косово.”
Не е наведено што би претставувало во праксата таква “меѓуинституционална координација” на Албанците од Македонија и Косово.
Во врска со денешната средба ИНА дополнува: “Африм Гаши му честита на Коњуфца поради изборот на должноста претседател на Собранието на Косово и го извести за последните политички случувања во с.Македонија, за проблемите што се појавуваат на евроинтегративниот пат на оваа држава, како и за ангажирањето на албанската опозиција заради заштита на албанските интереси во оваа држава.
Во разговорот претседателот на косовското Собрание Коњуфца посебно се задржал на албанските политички случувања со посебна нагласка на албанско-српските разговори, посочувајќи на конструктивната улога на Албанците во регионот.