Од партијата на Орбан навестуваат азил за Груевски во Унгарија?

Ако се суди според начинот на кој портпаролот на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, го опиша барањето за азил од Никола Груевски, поранешниот претседател на македонската Влада може да се надева на позитивен одговор на неговото барање.

Зборувајќи пред новинарите, директорот за комуникации на Фидес, Балаж Хидвеѓи, објасни дека, иако Унгарија нема намера да се меша во внатрешните работи на суверена земја, каква што е Македонија, владеачката партија, сепак, е убедена дека Груевски е жртва на Џорџ Сорос и на негов левичарски заговор.

„Политичар, кој е прогонуван и загрозен од левичарска влада, јасно под влијание на Џорџ Сорос, побара политички азил од Унгарија“, рече Хидвеѓи, додавајќи дека Унгарија ќе им додели азил на оние што се прогонувани, пренесуваат унгарските медиуми.