Русите испратија авион да ги земе протераните дипломати од Шпанија и Грција, но тие мораа да летаат по заобиколена „рута“ долга 15.000 километри поради забраната за летови над ЕУ.

„Додека Шпанија и Грција дозволија авионот да влезе во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета околу други земји кои воведоа забрана за руски летови“, пишува страницата за следење летови на „Флајт радар“.

Вкупната должина на летовите била 15.163 километри, што е нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот меѓу Сингапур и Њујорк, објави Index.hr.