Од денеска почнува наплатата на двете нови патарини, Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип. Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на наплатните рампи ќе функционира електронскиот систем за наплата.
ЈПДП во четвртокот информираше дека првите две ленти ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред, додека останатите ќе се користат за наплата во готово.
Порталот „360 степени“го објави и цЦеновник по категории на возила:
1А Категорија – 40 денари
1Б Категорија – 70 денари
2-ра Категорија – 100 денари
3-та Категорија – 180 денари
4-та Категорија – 270 денари
КАДРИФАКОВО
1А Категорија – 30 денари
1Б Категорија – 50 денари
2-ра Категорија – 80 денари
3-та Категорија – 150 денари
4-та Категорија – 220 денари
Изградбата на двете патарини чинеше близу 5 милиони евра.