Од коронавирус почина и директор на болница во Вухан

Директорот на главната болница во кинескиот град Вухан, епицентарот на појава на коронавирусот, почина во вторникот, соопшти државната телевизија.

Лиу Жиминг, починал во 10:30 часот по полноќ, јавува Ројтерс.

Бројката на смртни случаи во Кина од коронаавирус што го доби името COVID-19 порасна на 1.868 отркако претходниот ден починале 98 објави Националната здравствена комисија.