Од каде знае Фрчкоски: Договорот со Бугарија е чист и јасен, наскоро ќе биде објавен (ВИДЕО)

Професорот Љубомир Фрчковски открива дека веќе постои договор со Бугарија кој наскоро ќе биде објавен во јавноста.

Според несудениот амбасадор на Македонија во Вашингтон кој беше одбиен од САД Договорот со Бугарија е чист и јасен.

Во емисијата ,,Во Центар” Фрчкоски зборува на повеќе теми но го еден момент открива дека Македонија веќе има договор со Бугарија кој според него е чист и јасен.

Според кандидатот за амбасадор во Обединетите нации на овој договор не може да се фрли сенка и тој наскоро ќе биде објавен во јавноста.

Фрчкоски не открива како тој знае дека веќе има договор и што има во договорот. Тој не преговарач со Бугарија, не е дел од владата и на ниту еден начин не е официјално инволвиран во преговорите со Софија.

Дел од видеото во кое Фрчкоски зборува за договорот со Бугарија објавува Леон Стефановски на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4873898006024490&id=100002130165362

Целата емисија во која Фрчкоски зборува за постоење на договорот за кој е тој информиран и знае што содржи