Актерот и екс директор на Драмскиот театар Роберт Вељановски поставува логично прашање откако директорот на Заводот за статистика Апостол Симевски изјави дека на многумина нема да им се допаднат резултатите од пописот.

Вељановски прашува како може директорот да знае дека резултатите нема да им се допаднат на многумина ако не ги знае кои се тие.

“Ја би да препрашам!Како тоа директорот на Заводот за статистика излегува со мислење дека “резултатите од пописот на многумина нема да им се допаднат,но за тоа мене не ми е гајле”?!
Ако не ги знае резултатите од пописот, кој не е спроведен, како знае дека нема да ни се допаднат?!”, прашува Вељановски.

Законот за попис содржи многу контроверзни решенија кои директорот ги брани иако е јасно дека тие не соодветствуваат на европските регулативи.