Од една трафостаница во Арачиново се украдени над 96 % од потрошената струја

Со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија, велат за МКД.мк од ЕВН Македонија.

Според податоците од ЕВН сите трафостаници во Арачиново покажуваат кражба од над 50 проценти, а една од трафостаниците бележи 96,1 процент загуба на енергија.

,,Во моментов се работи на санирање на дефектите, на „снимање“ на состојбите со трафостаниците и со мрежата, на нелегалните кабли и приклучоци, по што, велат од компанијата, секако ќе следат и кривични пријави за кражба на струја”, пренесува мкд мк.