Власта веќе побарала од Швајцарската амбасада 5 милиони евра – од 21 милион колку што веќе од Швајцарија се определени како донација за избори во Македонија – да бидат наменети за купување на 5.000 апарати или терминали за земање отпечаток од прст кои прво би се употребиле за претстојниот попис, а потоа и за изборните процеси во земјава, дознава Плусинфо.

Дали Швајцарската амбасада ќе даде виза 5 милиони евра да одат за набавка на терминали за отисок од прст ќе се знае по божиќните и новогодишните празници, бидејќи сега тие не работат.

Доколку Швајцарската амбасада не одобри 5 милиони евра, тогаш од власта за Плусинфо велат дека е невозможно државата да набави терминали, бидејќи пари за таа намена во буџетот не се предвидени.

Нема, како што велат, ни време за да се распише тендер за чија постапка се потребни 90 дена, а пописот е закажан за април идната година, дознава Плусинфо.