Сите 311.000 ученици од основните училишта во Хрватска од денеска ќе добиваат по еден бесплатен оброк на ден, за што во државниот буџет за годинава се издвоени 544 милиони куни или околу 72,5 милиони евра.
„Ако се земе предвид фактот дека околу 80.000 основци живеат на работ на сиромаштијата, а имајќи предвид дека некои родители кои и би можеле во одредени училишта, бидејќи има поддршка од општините, градовите, жупанијата, да ги пријавуваат своите деца за бесплатен училишен оброк, а не го прават тоа, тогаш верувам дека ова е одлука која дефинитивно треба да се поздрави“, вели пратеничката Маријана Петир.
Поранешната европратеничка, основачка и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент предупреди дека секоја година во Хрватска се фрлаат меѓу 70 и 80 килограми храна по жител, а од друга страна има и такви кои гладуваат и не можат да си дозволат ниту еден оброк, па потребно е да се најде рамнотежа. Таа истовремено предлага, кога тоа е можно, храната да се набавува од локалните производители.