До пред неколку години, Бугарија беше многу привлечна за странските инвеститори – главно поради евтината работна сила и ниските даноци.
Но по една деценија бугарско членство во ЕУ обемот на директните странски инвестиции, кои годишно се слеваат во националната економија, е намален речиси десет пати. Во 2017 година тој изнесува околу 1,9 милијарди лева (помалку од 1 млрд евра), што претставува помалку од 2 отсто од бруто-домашниот производ на земјата, пишува Дојче веле.
За да има значителен економски раст, ова учество треба да биде најмалку пет пати повисоко, според пресметките на Бугарската индустриска асоцијација (БИА). Засега такви очекувања се целосно нереални, бидејќи во првото полугодие од оваа година обемот на странските инвестиции се намалил двапати во споредба со истиот период минатата година, покажува новата анализа на БИА.
Според истата анализа, износот на дознаките кон Бугарија од нејзините државјани во странство, веќе се значително е поголем од обемот на новите странски инвестиции во земјата.
Професор Гарабед Минасјан од Бугарската академија на науки (БАН) тврди дека нема ништо неочекувано во веста за издишната атрактивност на бугарската економија како поле за нови странски инвестиции. „Во последните две години стана очигледно дека од земјата веќе истекуваат и солидни приливи на капитал“, вели професорот и додава дека друг голем проблем е што „иако странските инвестиции во земјата постигнуваат релативно прифатлив профит, странските компании се воздржуваат од нови инвестиции“.
“Бугарија е во застој!”, алармира анкетна студија на Германско-бугарската индустриско-стопанска комора што беше спроведено меѓу германски претприемачи, утврдиле во земјите од Централна и Југоисточна Европа. Ова звучи како виц бидејќи Бугарија извезува повеќе стоки и услуги во Германија отколку што увезува од него. Во целата историја на билатералните трговски односи, ова е третпат од 1942 и 2013 година“ пишува „Дојче веле“ .
Проблемот на германските инвеститори во Бугарија е поврзан главно со акутниот недостаток на работна сила и особено на обучени и квалификувани кадри. А тоа влијае не само приливот на нови инвестиции, но и ставовите на претприемачите кои веќе инвестирале во бугарската економија”, коментира шефот на Бугарската стопанска комора, Митко Василев.
„Причината за недостатокот на кадри во Бугарија е дека други земји од Европската унија нудат многу подобри услови за работа. Околу 1500 работници напуштија моето претпријатие во последните три години. Околу 1.200 од нив заминаа за Велика Британија, каде добиваат 1300-1500 фунти на фармите. Бевме принудени да намалиме една третина од обемот на производството…Ние плаќаме едни од највисоките плати во индустријата – во просек 900 лева – и не можеме да понудиме нови значителни зголемувања на платите“ вели Бертран Ролман кој го пресели својот бизнис од Грција во Бугарија и во градот Гоце Делчев го основа „Пирин Текс“, една од најголемите и најуспешните швајцарски компании во земјата.