Промената на учебниците според препораките на Комисијата за историски прашања треба да се направата во рок од две години, поточно најдоцна до учебната 2024-2025 година, а заедничкото чествување на петте историски личности, за кои Комисијата постигнала согласност, може да започне веднаш, од оваа година, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Протоколот потпишан пред еден месец меѓу двете влади, има прецизни рокови до кога и на кој начин препораките, треба тие да се имплементираат, па така на идната меѓувладина комисија за спроведување на Договорот за добрососедство треба да бидат претставени урнеците на лекциите според препораките кои потоа ќе влезат во учебните програми, пренесе Телма
„Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен, имаат подеднаква обврска и Бугарија и Северна Македонија да го имплементираат во својот ситем. И тоа функционира на принцип на реципроцитет. Односно, важечко е само доколку заедно го имплемтнираме во двата система“, изјави Бојан Мариќиќ, вицепремиер за европски прашања.
Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија даде по пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и и за шесто одделение во Македонија кои ја обработуваат темата антика. И во едниот и во другиот образовен систем се препорачува напуштање на ентоцентризмот во изучување на античките заедници кои живееле на на овие простори и нивното културно-историско наследство.