
Едвај чекам в година, од први јануари, да ги укинам организациските двојни директори во Клиниките и да поставам еден генерален на цел Клинички центар и не ме интересираат политичките притисоци, кажа Министерот за здравство Фатмир Меџити, откако пред неполни два месеца именува нови во неколку болници. Тој најави дека од Владата ќе побара „амин“ за ваквата идеја да не остане само план на хартија, а посочи и дека на шест месеци бара отчет од сите Директори, па ако не изменаџирале како што треба, ќе се врателе од каде што дошле без разлика на која партија ѝ припаѓаат.
-Тоа се организациски директори, едвај чекам тоа да се случи, верувајте. Сметам дека многу транспарентно, ефективно и квалитетно ќе биде така понатаму. Нема да имаме загубари како што се заеднички служби што се загубари со 20 милиони евра, не знаат што работат, а тогаш ќе се знае се точно, ќе се набавуваат работите количински и со поевтина цена, а ќе има подобра соработка помеѓу клиниките,-вели Фатмир Меџити – Министер за здравство.
Не измислувам „топла вода“, така функционирало пред 20 години, така ќе продолжи бидејќи било добра работа. А во однос на прашањето за политички притисоци, воопшто не ме интересира, бидејќи, патот кој не води кон ЕУ и скрининзите, амбасадорот на ЕУ, ова го бараат како скриниг, ако се стремиме кон тој пат кон ЕУ, друг начин немаме – рече тој.