Од 15 август забрана за извоз на македонски праски во Русија

Од 15 август Руската федерација ќе воведе привремена забрана за увоз на некои овошја од Србија и од Македонија поради загриженоста за нивниот квалитет, сопшти рускиот регулатор за безбедност на храна, дознава Ројтерс.

Летово од Македонија во Русија беа извезени 3 милиони килограми праски, но поради сомнеж дека некои од нив се заразени биле вратени 120.000 килограми.

Габичка „Monilinia fructicola“ наводно била откриена во македонските праски, но исто така, и кај оние увезени од Србија.

Руската амбасада во Скопје за МИА потврди дека е е воведена привремена забрана за коскести овошја од Македонија која ќе стапи во сила на 15 август.