Од 1 јули ДДВ-то на струја пак „скока“ на 18% (ВИДЕО)

Вице премиерот за економски прашања Фатмин Битиќи, рече дека „стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај“.

Во Утринска на Телма, Битиќи објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.


„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија“, вели Битиќи.

Од први јули 2021 година до 21 декември 2022 година се применуваше повластена стапка од 5 отсто, а од први јанаури до 30 јуни 2023 повластена стапка од 10 проценти. Тоа беше мерка која се донесе со цел да се влијае на намалување на сметките за струја за домаќинствата…