Од 1 јули бесплатен роаминг меѓу шесте земји од Западен Балкан

Надоместот за роаминг меѓу Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово целосно ќе исчезне од 1 јули годинава.

За граѓаните од овие држави, но и за деловните субјекти, тоа ќе значи повеќе пари во буџетот, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, за Радио Слободна Европа.