Очевидци бараат реакција: Облак со силна реа вознемири граѓани (ВИДЕО)

Спортски рекреативци вечерва забележале голем облак што мирисал на гума покрај Вардар во близина на хотелот Александар Палас во Скопје.

Додека вежбале на направи за вежбање покрај Вардар облакот се појавил најверојатно од некоја од дивите депонии што ги има во тој дел од главниот град.


Рекреативните бараат интервенција од властите инаку најавуваат дека во спротивно сами ќе преземат акција против загадувачите.

Овој дел од градот е во надлежност на градоначалникот на Карпош Стефан Богоев а за битката против загадувањето ингеренции има и градскиот татко на Скопје Петре Шилегов.