Обвинителството смета дека има „многу јасен“ случај за „генсекот“ на Владата, Зекири

Извори блиски до истрагата во јавното обвинителство тврдат дека екипата која работи на истрагата против генералниот секретар на владата Мухамед Зекири има цврсти индиции за сторено противправно однесување.

Според елементите врз кои почива истрагата кумашинот на Заев наскоро ќе се соочи со сериозно обвинение за кое доколку биде докажана негова вина би можел да се соочи со долгогодишна казна затвор.

Според неофицијалните информации во предметот против Зекири се истражува случај вреден околу 940 илјади евра а е поврзан со Јавното претпријатие ,,Македонска пошта” чии вработени подолг период се на работ на социјална криза.

Според информациите на expres.mk кои засега не се потврдуваат официјално, меѓу другите ситуации врз основа на кои се темели случајот, се анализира зошто Зекири и двајцата хрватски државјани во договорот за консултантски услуги наместо физибилити студија за приватизација на Македонска пошта напишале “семинарски труд”.

Договорот со хрватската фирма е потпишан без тендер и за тоа се очекува одбраната на Зекири и двајцата Хрвати да се бранат со законската можност за договор во ,,четири очи”.

Она што Зекири и двајцата Хрвати не го знаеле или не сакале да го знаат е дека
во Законот за јавни набавки постои таков член според кој нема потреба од тендер ако добие странска фирма државна набавка но овој член се однесува само ако се работи за случај на странски пари за странски проект во Македонија.

Според досегашните сознанија на обвинителството генералниот секретар на влада Мухамед Зекири со помош на двајцата Хрвати наменски регистрирале фирма во Хрватска.

Таа фирма подоцна склучила договор за консултантски услуги со Генералниот секретаријат на Влада без да биде распишан тендер за потребните услуги.

Обвинителството точно знае што се случило со парите, тие податоци засега не се откриваат но изворите на expres.mk тврдат дека и тука ситуацијата е многу јасна и дека високиот функционер на СДСМ ќе има сериозен предизвик да одговори на наодите на обвинителството.

Зекири е кумашин на екс премиерот Заев, висок функционер на СДСМ а до лани беше и потпретседател на партијата