Не се знае каде завршила торбата „Луј Витон“ во која биле пренесени милион евра од домот на Камчев.Ако имало џи-пи-ес уред за следење, како што кажува Камчев во вчера објавените разговори можеби ќе се откриеше но обвинителството нема такви сознанија.
„Чантата за која покажувате интерес не е дел од доказите на предметот „Рекет“ и обвинителството нема докази дека во неа бил вграден уред за следење.
Имено, сведокот ниту во исказ даден пред јавен обвинител, ниту пред судот не изјавил дека во чантата е вграден каков било уред“, реагира јавното обвинителство.