Обвинителството не го апси функционерот на СДСМ кој извршил упад во правосудството за сериозен случај на убиства

На фотографијата Андов е лево

Цели 72 часа Јавното Обвинителство не го апси функционерот на СДСМ кој извршил упад во правосудството за сериозен случај на убиства.

Со тоа на Андов му се дале најмалку три дена да ги скрие трагите од случајот за кој може да заврши во затвор.

Пред два дена expres.mk објави дека се случувал огромен скандал во затворот ,,Шутка”, за кој брифираат извори од управата за извршување на санциии.

Изворите велат дека дека ако се спроведува законот МВР и Обвинителството мора веднаш да го уапсат директорот за затворот Филип Андов – Сокол кој е кадар на Ковачевски а преходно беше советник на екс премиерот Зоран Заев за Скопје.

Според изворите во иста ќелија биле двајца луѓе осомничени за инволвираност во ист настан, двојно убиство, што значи дека управата на затворот со знаење им дала иста ќелија во која можат да се договараат како да настапат пред обвинителството и судот.

Притворениците се поврзани со двојното убиство во Шиша Бар во Старата турска чаршија. Едниот притвореник Дритон Малиќи е човекот кој од Урошевац го купил возилото што се користело за трансфер на убијците во Урошевац.

Малиќи е во иста притворска просторија со Фатљум Ајети за кој според извори во обвинителството има основано сомневање дека е во врска со извршителите на убиството.

Во држава со владеење на правото оваа ситуација е недозволива.

Иако по информацијата за скандалот во Шутка Обвинителство и Судот мораа веднаш да реагираат засега нема никаква акција.

Ако се утврди дека директорот Филип Андов свесно ги ставил притворениците во иста ќелија тој ќе мора да биде притворен или повикан на распит, тврдат изворите на expres.mk.

Првичната вест по која ЈО мораше да реагира

Огромен скандал во затворот ,,Шутка”, ќе биде ли уапсен директорот Филип Андов – Сокол