Обвинителот од Струга Војо Димовски со интересна приказна, паралела која ако биде соодветно разбран и спроведена од луѓето на власт може да донесе позитивни промени.

Димоски кој важи за еден од најлуцидните коментатори на социјалните мрежи за актуелните општествени процеси смета дека во актуелната криза во правосудниот систем дојдено е совршено време да се потсетиме на мудриот Цар Соломон:

“Еден ден кај царот дојдоа две жени и застанаа пред него. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него. И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене.

А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!”

Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” И така се препираа пред царот.
Донесте меч!” нареди царот.

И донесоа меч пред царот, а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.” Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа – другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!”.

Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка”, потсетува Димоски на прастарата приказна.”

Димоски вели дека разумот е остар меч кој по средина ги сече нештата.

“Арно ама разумот без срце ја задоволува правдата само формално и од едно живо прави две мртви. Многу право, најголема неправда (Summum ius, summa iniuria) рекол Цицерон. Затоа, најдете една рака писмени луѓе кои покрај законите чуле и за мудриот Соломон и оставете ги да судат. Тоа ќе биде реформа над реформите”, пишува обвинителот.