Обвинителката Ленче Ристовска и нејзиниот колега Трајче Пеливанов признаа дека СЈО предходно и Јавното обвинителство сега, не ги вештачеле компјутерите на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и на други луѓе кои преку работните компјутери во МВР имале пристап до прислушувани материјали.

На денешното рочиште за судскиот процес за незаконското масовно прислушување кое полека привршува Ристовска и Пеливанов открија дека е вештачен само компјутерот на избеганиот Горан Грујевски но не и тој на Сашо Мијалков.

Нивното образложение е дека компјутерот на Мијалков не е вештачен затоа што тој кога СЈО влегло за претрес си дал оставка и повеќе не бил на своето работно место што е нонсенс затоа што сите компјутери во МВР особено на тие на кои имало специфични информации и логови се чуваат со посебни процедури без разлика дали некој дал оставка или не е на исто работно место.

Ристовска и Пеливанов не најавија дека допрва ќе бараат каде е компјутерот ниту пак дека отвориле истрага за исчезнатиот компјутер на Мијалков.

Доколку Ристовска и Пеливанов како обвинители не направиле се што можат за да дојдат до неговиот компјутер може да биде опасно за обвинителите кои мора да објаснат зошто не се обиделе, како што е опасно за тие во МВР што евентуално го кријат или го уништиле компјутерот на Мијалков.

Ристовска и Пеливанов тврдат дека има друг начин да се докаже дека Мијалков прислушува што не ги спречува да го вештачат неговот компјутер но и на уште други најмалку 8 луѓе за кои постојат индиции дека во своите компјутери имале прислушувани материјали.

Дополнително обвинителите досега не го спомнуваат ниту компјутерот кој го користел и странецот припадник на странска пријателска служба кој според повеќе извори долг период влегувал во оваа организациона единица на МВР и можеби имал пристап до прислушувани материјали.

Зошто СЈО предходно а Ристовска и Пеливанов сега не ги вештачат сите компјутери на началниците во УБК и МВР останува тајна но и ја отвара дилемата за вистинитоста на шпекулациите во јавноста за однапред договорена пресуда која се движи околу 3 години затвор.

На минатото рочиште обвинетиот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков кажа дека во 2014 година при презентација во Управата на израелска опрема за следење комуникации, со лаптоп и антена биле лоцирани три прислушни уреди кои биле во моментот активни.

Обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска го негираа тврдењето дека се прислушувало надвор од УБК и приложија вештачење само од одземениот компјутер на избеганиот Горан Грујевски.

Како обвинителите утврдиле дека израелската фирма лаже е нејасно затоа што истрагата нема наоди од проверка на техниката за прислушување која според повеќе индиции најверојатно ја имала или се уште ја поседува најмалку една политичка партија.

Мијалков на минатото рочиште рече дека во 9-годишниот мандат само во два три наврати го вклучил својот компјутер затоа што работел од мобилниот телефон.