Обвинител за понудата за амнестија: Тоа што една будала ќе расипе…

– Денеска поднесов пет обвиненија. Сега чекам во кадар да ми влета политичар и да прогласи амнестија, напиша на социјалните мрежи јавниот обвинител од Охрид Војо Димоски откако премиерот Заев денеска понуди амнестија за 27 април и директно се вмеша во работата на судството и обвинителството.

“Она што ќе расипе една будала – сто паметни не го оправаат”, порачува обвинителот Димоски кој важи за строг и принципиелен претставник на правосудниот систем кој не дозволува политичко влијание во процесите што ги води во Охридското обвинителство.