Обвинетиот напаѓач на Пендиков не дојде на суд – бара да се лекува во странство

Илија Спасески, обвинет за напад во случајот „Пендиков“, денеска не се појави во Основниот суд во Охрид поради што беше одложено рочиштето.

Неговиот адвокат Димитрија Цобоски го оправда неговото отсуство со медицинска документација во која е наведена дијагноза тромбофлебит.

Адвокатот на обвинетиот достави болничка белешка за 15 дена лекување.

Одбраната на Спасески побара да му се укине забраната за напуштање на државата за обвинетиот да се лекува надвор од Македонија.

Сепак, судот одби.

Адвокатот на Пендиков – Стефан Камишевски, истакна дека тој што се чувствува невин треба да се појави пред судот за што побрзо да се докаже неговата невиност.

Илија Сапасески е обвинет за напад од омраза со тешки повреди.  Според обвинението, на тепачката што се случи на 19 јануари на паркинг во Охрид  и претходела вербална расправија, кога во угостителски обjeкт Спасевски го навредил Пендиков на национaлна основа и наводно му рекол „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“.

Судијата Бојан Мартиновски поради летниот одмор на Судот, судењето го закажа за 21 септември.