Обвинет во случајот „Мавровски работници“ ќе стане министер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го предложи Хисен Џемаили да биде министер без ресор за странски инвестиции во владата, откако ова ,есто остана празно по сменатѕа на Зоран Шапуриќ.

„Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот.

Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија“, пишува Плусинфо.

Џемаили сега е асистент–професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник.