Обвинение против „шегаџијата“ од „Сити мол“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против вработениот во обезбедувањето во Сити мол кој на 29 јануари алармирал дека во објектот била поставена бомба, а тоа наводно го сторил „да се пошегува“ со неговиотг претпоставен..



По лажната дојава, веднаш биле преземени мерки и трговскиот центар беше евакуиран.

За ОЈО ова сепак е кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Обвинетиот сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност – иако знаел дека такво дело не е сторено.