Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција и ги повикува членовите на политичките партии и нивните поддржувачи да се воздржат од говор на омраза на етничка расна и или друга основа.

„Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност“, се наведува во апелот од Мисијата на ОБСЕ објавен на официјалната страница на Фејсбук…