ОБСЕ добива нов шеф на мисијата во Скопје

Заменикот шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје Американецот Џеф Голдстајн го најави именувањето и доаѓањето на новиот шеф на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Македонија.

За нов шеф на ОБСЕ во Скопје е именуван Клеменс Која, австриски дипломат кој е одличен познавач на Балканот кој студирал право а магистрирал на Католичка теологија во Рим и Салцбург.

Која бил амбасадор на Австрија во Словенија и Србија, заменик амбасадор во Мадрид а од 2016 е постојан претставник на Австрија во ОБСЕ.

Според неговата јавно објавена биографија тој е резервен офицер на австриската армија.

Позицијата шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ја преземе на средината на септември на 15 дена пред референдумот за името.