Објави дека нема да оди на инаугурацијата на Бајден, па Твитер трајно го блокира Трамп!

На американскиот претседател во заминување Доналд Трамп трајно му е блокиран налогот на Твитер, а последниот негов твит беше најавата дека нема да оди на инаугурацијата на Џо Бајден!

„По деталниот преглед на неодамнешните твитови на Доналд Трамп и контекстот во кој се пишувани, трајно го суспендиравме налогот поради ризикот од понатамошно поттикнување на насилство“, соопштија од компанијата.

„За сите оние што прашаа, нема да присуствувам на инаугурацијата на 20 јануари“, е последниот твит на Трамп, за кој Твитер објасни дека може да се смета за тврдење дека изборите не се легитимни.

Налогот на Трамп на Твитер имаше 88 милиони следбеници.